Успешен настап на џудистите од „Гладијатор“ на Меѓународниот турнир во џудо во Софија

Вчера во Софија се одржа меѓународен натпревар во традиционално Џудо каде членовите на ЏК „Гладијатор“ од Кочани настапија со тројца натпреварувачи и се закитија со три места и тоа: Христијан Павлов 1 место, Дамјан Крстов 2 место, Ненад Максимов 3 место.

Во рамки на натпреварот Дамјан Крстов беше прогласен за најдобар техничар на турнирот.

Покрај овој настан членовите на „Гладијатор“ зедоа учество на семинар за бразилско Џиу Џицу и се закитија со сертификати. Меѓудругото судија беше и тренерот на „Гладијатор“ Драган Шеќероски кому Меѓународната џудо заедница му врачи Џудо пасош и сертификат со кој е назначен за претседател на традиционално џудо во С. Македонија. Шеќеровски воедно е сертифициран тренер тренер на лица со посебни потреби и оштетувања на слухот.

ЏК „Гладијатор“

Сподели: