За време на викендот (19-20.06.2021)во Прилеп се одржа годинешното Државно првенство за пионери и сениори во џудо. Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани настапи во двете конкуренции и неговите натпреварувачи со оглед на долгата пауза поради Ковид-19 остварија солидни резултати.
„Иако паузата беше доста долга сепак остваривме солидни резултати и во двете конкуренции. Во пионерска освоивме две бронзени медали благодарение на солидните настапи на браќата Милан и Матео Станоеви, додека во сениорска конкуренција бронзени медали освоија: Дамјан Крстов, Христијан Павлов, Филип Манасиев, Горан терзиски и Љубица Наунова. Иако останатите натпреварувачи не освоија медали сепак како тренер сум мошне задоволен од нивниот настап. Наредниот викенд екипата на „Гладијатор“ ќе има уште четири натпревари од државен карактер на кои очекуваме жетва на медали“ рече Драган Шеќероски, тренер на ЏК „Гладијатор“ од Кочани.
На Државното првенство за пионери и сениори учествуваа 14 џудо екипи со околу 160 натпреварувачи.
ЏК „Гладијатор“