Успешна крводарителска акција во Црвен крст – Кочани, собрани 25 крвни единици

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше  предвидената јулска крводарителска акција.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа  25 дарители и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

Крводарителската акција е седма акција што годинава се спроведува во просториите на Црвен крст – Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Сподели: