Успешна крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше  предвидената крводарителска акција за месец август.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 21 дарители и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина –Штип.

Крводарителската акција е осма по ред годинава што се спроведува во просториите на  Црвен крст – Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: