Успешна крводарителска акција во Црвен крст – Кочани, собрани 33 крвни единици

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената граѓанска крводарителска акција за месец ноември.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 33 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

– Акцијата е дваесета крводарителска акција што годинава ја спроведува Општинската организација на Црвен крст – Кочани, а единаесета во просториите на Црвениот крст. До крајот на годината се планира да се спроведат уште три крводарителски акции, една во општина Зрновци, младинска крводарителска акција за средношколци, студенти и млади лица како и редовната крводарителска акција, последниот четврток во месец декември. Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата – истакна Анета Коцева, секретар на Црвен крст – Кочани.

На денешната акција крв даруваа 9 крводарители до триесет годишна возраст како и 3 првократни крводарители.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: