Успешна крводарителска акција во Црвен крст Кочани – собрани 44 крвни единици

Четириесет и четири единици крв се собраа на денешната редовна крводарителска акција, што се спроведе во организација на на Црвен крст Кочани.

За пофалба е што на денешната акција дарува пет првократни крводарители, како и дваесет и едно младо лице до 30 годишна возраст.

-Би сакала да изразам голема благодарност на сите крводарители и граѓани кои денеска издвоија дел од своето време и земаа учество во оваа акција со цел редовно обезбедување на потребната резерва на количина на крв и крвни продукти, заради спасување на човечки животи- истакна Анета Коцева, секретар на Црвен крст Кочани.

Акцијата се спроведе со помош и поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип.

Заради обезбедување на доволно резерви крв, граѓаните можат да донираат секој понеделник и петок во просториите на Службата за трансфузиона медицина Кочани, како и секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани.

И.Матеничарски

Сподели: