ФА ,,Александар Турунџев” се врати од уште една успешно завршена турнеја предводена од дир. Пеце Симјановски и раководителот Тоше Тодоров, од Р.Словачка, град Маргичани, област Кошице.
Фолклорниот ансамбл зеде учество на Гурманскиот фестивал во гр.Маргичани каде покрај добрата игра во најдобро светло ја претставија Македонија и со учество на гурманскиот фестивал со готвењето на традиционалното македонско ,,Тавче гравче” пропратено со македонска салата, од кое сите посетители што го вкусија беа воодушевени.
Голема благодарност со сите членови-фолклористи и до членовите на оркестарот кои навистина воодушевуваа со нивните настапи.
Меѓу другото не изостана прошетката во прекрасниот град Кошице, втор град по големина во Р.Словачка, а и размената на фолклор со другите фолклорни групи учесници на фестивалот.
ФА ,,Александар Турунџев”