Утврден редоследот за бесплатно поставување изборни плакати за Локалните избори

Пропагандните материјали на Левица за претстојните Локални избори ќе бидат поставувани први на местата за бесплатно политичко рекламирање, што ги определи Општина Кочани. Веднаш до нив ќе се најдат изборните плакати за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а трети по ред ќе биде поставуван пропагандниот материјал на СДСМ и коалицијата.

Така одлучи случајниот избор на ждребувањето што се оддржа во Салата на Советот на Општина Кочани каде присуствуваа претставници на три политички партии организатори на изборната кампања.

Коалицијата на ЛДП-ДОМ и Независната листа на носителот Венко Крстевски немаа поднесено барање за користење на местата за истакнување на изборни плакати.

Ждреувањето е дел од редовните изборни активности, а е во согласност со одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување места за истакнување на изборни плакати и утврдување на услови за добивање на право за користрње на местата за истакнување на пропаганден материјал на подрачјето на општината.

По завршување на кампањата учесниците на изборите се должни да ги отстранат плакатите од локациите.

За ваквиот вид пропаганда партиите го добиваат рекламниот простор без да платат надоместок за тоа што е определено како една од законските обврски на локалните самоуправи.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели:
  •  
  •  
  •