Утревечер ноќно скијање на Пониква

Љубителите на зимските спортови утревечер 9 февруари, среда, ќе имаат можност да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.

Ски-патеките 1 и 3 на СРЦ „Пониква“ се целосно израмнети и подготвени, а ќе се скија во периодот од 17:00 ч. до 20:00 ч.

Цената на билетот за ски-лифтот е 500 денари. Посетителите дополнително можат да изнајмат опрема за скијање или санкање.

Сподели: