Утревечер ноќно скијање на Пониква

Новата снежната покрива што се формираше на Пониква создаде идеални услови за скијање на на ски-патеките на Спортско-рекреативниот центар на Осоговските Планини.

За утре, среда, 12 јануари, љубителите на зимските спортови ќе имаат можност повторно да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.

Ски-патеката 1 е целосно подготвена за скијање со користење наменска машина – ратрак, а на посетителите им се нудат дополнителни можности за рекреација. Ски-патеката ќе биде отворена во периодот од 17 ч. до 20 ч. , а цената за ноќниот билет за ски-лифтот е  500 денари. Посетителите дополнително  можат да изнајмат опрема за скијање или санкање.

Патниот правец до СРЦ „Пониква“  е целосно прооден, информираат од Македонија пат.

И. Матеничарски

Сподели: