ЈУ Библиотека „Искра“ утре, 15 декември на пригодна свеченост ќе ја одбележи 100-годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески.
По тој повод, научен осврт кон творешството на Конески ќе даде доц. Д-р Ана Витанова Рингачева. На програмата во чест на одбележувањето ќе се прогласат и наградените ученици од литературниот конкурс на тема „ Твориме во чест на ликот и делото на Блаже Конески“, а ќе биде отворена и изложбата на тема „Творешството на Конески – есенцијално културно наследство во македонската наука и култура“ – дел од книжниот фонд на библиотека „Искра“
На свеченоста ќе биде презентиран и видео запис со поезија на Блаже Конески, материјал подготвен од страна на Министерството за култура на Р. Македонија.
Настанот е закажан со почеток од 12 ч., информираат од „Искра“