По повод христијанскиот празник Богојавление (Водици) утре 19 јануари со почеток од 11:30 ч на мостот во Градскиот парк, ќе се изврши чинот на потопување на светиот крст и освета на водите на Кочанска река.
Претходно во храмот „ Св. Вмч Георгиј“ во Кочани со почеток од 08:30ч ќе биде отслужена Светата Божествена литургија, по што верниците ќе се упатат кон Градскиот парк . Воедно во храмот планирано е да се спровде и традиционалната лицитација на икони.
Чинот на потопување на светиот крст ќе го изврши Митрополитот Брегалнички г.Иларион.
И.Матеничарски