Утре изменет режим на сообраќај на „Тодосија Паунов“

Секторот за зеленило при КЈП „Водовод“ во вторник, на 23 февруари ќе реализира активности поврзани со подготовката за изградба на кружниот тек кај Автобуската станица.

Поради тоа, во периодот од 8 до 14 часот, на потегот од „Тера маркет“ до Шумското стопанство „Осогово“ сообраќајот ќе се одвива со изменет режим. Десната страна на коловозната лента од улицата „Тодосија Паунов“ ќе се користи за сообраќај во двата правца, а левата целосно ќе биде затворена.
Се предупредуваат учесниците во сообраќајот на зголемена внимателност и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial