Oдборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ за утре, 15 мај (сабота) пред зградата на локалната самоуправа на Кочани со почеток од 12 ч. закажа мирен протест, преку кој ќе го искажат своето незадоволство од Нацрт – законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование
„Ги повикуваме граѓаните да го подржат протестот и да дојдат пред општинската зграда, затоа што само на тој начин ќе се покаже незадоволството од лошиот закон, од кој најмногу штета ќе имаат учениците и образованиот систем, а потоа и целото општество“, стои во повикот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има!“
Иницијативата предводена од група родители започна пред неполн месец, откако од Министерството за образование и наука ги објавија реформите во образованието и вовдеување на дигитални учебници од септември.
Најпрвин се организираше бојкот на наставата, а откако не беше одговорено на нивните барања закажаа протест во сите градови низ државата.