Учениците и вработените од СОУ„ Љупчо Сантов“ даруваа крв

Деветнаесет  крвни единици се собраа на крводарителската акција што денеска се одржа во СОУ „Љупчо Сантов“  Кочани.  Акцијата беше во организација на Црвениот крст  со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип. Истата се спроведе во рамки на годишниот план за крводарителски акции, а беше наменета за учениците и вработениот персонал во кочанската гимназија.

Црвен крст Кочани во соработка со СОУ”Љупчо Сантов” на годишно ниво организираат две крводарителски акции за вработените и учениците, во месец април и декември.

И.Матеничарски

Сподели: