Учениците од „Гошо Викентиев“ засадуваа дрвца

Учениците од класовите 2е1, 2е2, 2с, 4е3 и 4е4 при СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани денеска се вклучија во акција за засадување на дрвца во учлишниот двор.

Заедно со професорките Катарина Петрова и Павлина Атанасова тие засадија стотина садници висококвалитетен бор со што го разубавија опкружувањето на училиштето.

Преку оваа акција тие испратија порака за зачувување здрава животна средина, а овој пример треба да биде поттик и за останатите училишта да се вклучат со вакви еколошки акции.

Дрвацата беа обезбедени како донација од компаниите „Амор“, „Алма“ и ЈП „Македонски шуми“.

И.Матеничарски

Сподели: