Учениците од ООУ „Климент Охридски“ – Облешево ја започнуваат наставата со почит кон државните симболи

Од денес започнуваме со реализација на идејата-„ наставата во училиштето да започнува со интонирање на Државната Химна и подигање на Македонското Знаме на јарбол пред училиштето.
Ние како училиште ќе поднесеме иницијатива до советот на општина Чешиново-Облешево да донесе одлука наставата во училиштата на територија на општината да започнува со интонирање на Државната Химна.


– Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме за цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на децата кон Македонија, и да ги охрабриме и потикнеме да учат, осознаваат и саакаат македонската култура и традиција. Сметаме дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Татковината како симболи и репрезенти на државноста на нашата мила Македонија, истакна Јорданчо Костадинов, директор на ООУ „Климент Охридски“ – Облешево.

Во таа чест денес на првиот ден од месецот ноември учениците од ООУ „Климент Охридски“ – Облешево со постројување пред почетокот на училишниот ден ги поздравија државните симболи.

ООУ „Климент Охридски“ – Облешево

Сподели: