Учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ го посетија Споменикот на слободата – настава на отворено по повод двата празника 7 и 8 Септември

Вчера, во пресрет на празниците 7 Септември – Денот на ослободувањето на град Кочани и 8 Септември – Ден на независноста на РС Македонија, учениците од прво до деветто одделение од Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ Кочани и од Подрачните училишта во с. Г. Подлог и с. Бели го посетија Споменикот на слободата, и им беше одржано предавање со кое тие подобро се запознаа со историјата и убавините на родниот крај, неговата местоположба, државата и значајноста на празникот 8 Септември.

Предавањето беше одржано од страна на наставниците од училиштето Розета Николова, Елена Крстева, Антонио Стојанов и Марјанчо Ристов.

Прилогот го подготвија: Деспина и Марија
Фотографии: К.Лазаровска, В. Зашова, И. Ангелов.

ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Кочани

Сподели: