Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ се пласираа во финале на онлајн натпреварот „Најди го херојот“ за млади генијалци

Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани добија покана и учествуваа на онлајн натпреварот под наслов „Најди го херојот“.  

Станува збор за натпревар преку кој се открива талентот кај младите генијалци кои преку свои активности се натпреваруваа на тема „Визуелни уметности“. Преку учеството се идентификува херој кој решава конкретен проблем и преку својот талент ученикот вербално го објаснува. Учениците од гимназијата „Љупчо Сантов“  се претставија преку драма, ораторство, сликање и рецитирање и го покажаа својот талент на највисоко ниво. Поради успешноста на претставувањето сите се 4 ца ученици од кочанското училиште  се пласираа во финале а работеа под менторство  на професорот и дефектолог Катерина  Димитрова.

  • Како училиште учениците учествуваа во многу проекти и натпревари, а сега во време на пандемија кога мора да работиме од дома ние се докажуваме. Како координатор за надарени талентирани ученици ние ја прифативме поканата за учество. Тешко беше да се избере четири мои херои, бидејки сите се подеднакво добри. Учество овојпат во натпреварот зедоа Јована Петова, Оливер Стефанов,Марија Донева и Пандора Манева сите ученици во втора година.Овие ученици преку својот талент ќе се натпреваруваат и се надевам ќе го докажат херојот во себе со цел да се поттикне програмата за развој на емоционалната интелигенција и таленти, мали и возрасни генијалци. Да им посакаме успех, а на сите останати добро здравје и се надеваме да излеземе победници од оваа ситуација – изјави менторот Катерина Димитрова.

Натпреварот започна на 2 мај  и ќе трае до 30 мај  а истиот е во организација на EQ Excellence и програмот за развој на емоционална интелигенција и таленти „Мали и возрасни генијалци“ .

Инаку, Димитрова информираше дека засега онлајн наставата во ова училиште се одвива без проблеми и сите професори преку апликации имаата контакти со своите ученици. Министерсот Адеми последно изјави дека е можно наставата онлајн и со далечинско учење да продолжи и од септември но плановите  и предвидувањата за новата школска  и академска година ќе започнат непосредно по завршувањето на учебната година на 10 јуни.

Сподели: