Ученици на „Гошо Викентиев“ преку Еразмус + во Хрватска ќе презентираат бизнис план за ИКТ претприемништво

СОУ ,,Гошо Викентиев” Кочани е учесник во Еразмус проект со училишта од Грција и Хрватска.

Во рамките на проектот беше организиран натпревар меѓу учениците кои имаа задача да изработат бизнис план преку кој ќе ги покажат своите вештини за ИКТ претприемништво.

Победничкиот тим во состав Драган Хаџивасилев, Иван Донев и Игнат Мојсовски заедно со своите професори и директорот на училиштето, в понеделник 2.05.2022г. заминуваат за Дарувар и Лудбрег во Хрватска каде ќе го презентираат својот бизнис план пред учениците и професорите од партнер училиштата од Хрватска и Грција, како и да следат обука за надградба на своите вештини и знаења.

СОУ ,,Гошо Викентиев”

Сподели: