Ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани учествуваа на виртуелна посета на Собранието на Република Северна Македонија, која поради коронавиусот се одржа онлајн.
Вработени од Собранието преку веб платформа им презентираа информации за историјатот, работата и надлежностите на законодавниот дом, со цел одблизу да се запознаат со работата и надлежностите на Собранието.
На виртуелната прошетка учествуваа 135 ученици од кочанската гимназија под менторство на професорите Елена Трифуновиќ и Јасмина Младеновска.
Собранието на Република С. Македонија во рамки на свото работење има отворени денови кога средношколци и останати граѓани имаат можност одблизу да се запознаат со работата на законодавниот дом, а поради пандемијата од КОВИД-19 оваа година посетите се виртуелни, односно преку онлајн веб платформа.