Успешен пласман за учениците од „Љупчо Сантов“ на финалниот натпревар на UPSHIFT програмата – “Социјално претприемништво-млади иноватори”

Група ученици од училиштето „Љупчо Сантов“  успешно се пласираше во финалниот натпревар на UPSHIFT програмата – “Социјално претприемништво-млади иноватори”. Во тимот ученици учествуваат: 

• Ивона Тодорова-ученик во II-4 клас

• Леонид Петров-ученик во II-4 клас

• Ефто Трајчев-ученик во II-4 клас

• Ана Арсова-ученик во II-3 клас

• Михајло Штерјов-ученик во II-3 клас 

Голема улога во нивниот успех имаше и менторот на оваа група ученици проф. Виктор Атанасовски, кој неуморно беше присутен со нив, ги мотивираше и охрабруваше.

Безрезервна поддршка добија и од директорот на училиштето Игор Христов.Социјалната, а воедно и креативна идеја со која се пласираше оваа група на ученици е токму појавата на Ковид пандемијата и задолжителното следење на наставата на далечина.

Погодени од секојдневната слика на нивните соученици-другарчиња од ранливата категорија за неможноста за следење на онлајн наставата, оваа група на ученици се реши и тргна да им помогне.Поконкретно, идејата се состои од продажба (физичка и електронска) на Ковид аксесоари со брендирани атрибути и кауза за социјално претприемништво. Каде што реализираните приходи од продажба на овие брендирани ковид аксесоари ќе бидат искористени за купување на електронски уреди-таблети на ранливата категорија на ученици од СОУ “Љупчо Сантов”

СОУ “Љупчо Сантов” – Кочани

Сподели: