Ученици од „Љупчо Сантов“ учесници на „Иновативен камп – натпревар на средношколци во претприемачки вештини“

СОУ ,,Љупчо Сантов“ -Кочани веќе трета година по ред активно се вклучува во програмските активности на -„JA“ Macedoniа која работи во склопот на најпознатата меѓународна организација за развој на претприемачките вештини кај младите -Junior Achievement worldwide.

„Џуниор Ачивмент Македонија“ го промовира претприемничкото образование во училиштата, финансиската писменост и подготвеноста на средношколците за идни работни места.

Во периодот од 03 до 15 Март online беше одржан „Иновативен камп – натпревар на средношколци во претприемачки вештини“ на кој учество земаа и ученици од СОУ,, Љупчо Сантов,, -Кочани.
Камп за иновации „ЈА“ е искуство од прва рака за тоа како да се премине од теорија во пракса. Преку вежба за креативност учениците учат тимска работа, како да ги претворат своите идеи во акција и како да се договорат за конечен концепт.
Во рамки на програмата за ученички компании се регистирани 2 компании во училиштето кои работат менторски во текот на целата учебна година.

Програмата им нуди на учениците искуство како да пренесат бизнис идеја од концепт во реалност опфаќајќи серија активности за учење од деловно работење, економија и претприемништво, што е одличен начин за развој на нивните претприемачки вештини.
Во текот на месец мај ученичките компании од училиштето ќе учествуваат на националниот натпревар за најуспешни ученички компании.

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Сподели: