УЈП ќе ги контролира штандовите на манифестацијата Денови на кочанскиот ориз – потсетуваат на почитување обврските за издавање на фискална сметка  

Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип, сака да ги потсети сите даночни обврзници и физички лица во пресрет на Денови на кочанскиот ориз, за нивните права и обврски.

Имено  правните лица кои би учествувале на оваа манифестација имаат обврска да користат одобрен фискален систем на опрема, односно да имаат фискални уреди односно да издаваат фискални сметки. Значи нивна обврска е да издаваат фискални сметки, да имаат налепница за граѓанинот да знае дека има обврска да си побара фискална сметка. Евидентирањето на прометот од фискалните каси имаат обврска наредните денови да го уплатат.

На овие манифестации освен правните лица знаеме дека учествуваат и физички лица кои се занимаваат со дејности од времен карактер.

Физичките лица што продаваат пуканки, палачинки, сокови и слично, кои би учествувале на овие манифестации или секојдневно продаваат на улиците, имаат обврска до Управата за јавни приходи да поднесат барање за паушално плаќање на данокот на личен доход.

Тоа барање едноставно се пополнува со име, презиме, матичен број и се избира дека барањето се однесува за времен карактер.

Повратно УЈП издава решение од времениот карактер и со тоа решение се добива и налог за плаќање со што физичкото лице има обврска да го плати одредениот данок. Повторно Управата за јавни приходи апелира сите даночни обврзници и физички лица, нивните обврски да ги исполнуваат и да бидат усогласени согласно даночните закони.

 Најмалку Управата за јавни приходи сака да се соочи со непожелни поседици, бидејки казните за физичките лица изнесуват од 50 до 250 евра во денарска противредност, додека за правните лица во зависност од големината на правниот субјект се од 300 до 10000 евра во денарска противредност.

Следењето и почитувањето на законските прописи и даночните закони е од голема важност и доколку обврзникот ги исполнува своите обврски, тој создава поздрава основа со што може да го развива својот бизнис и да го заштити својот имиџ. Управата за јавни приходи има даночен инспекторат, нивната обврска и работа е постојано следење на усогласеноста на даночните обврзници со даночните закони. Значи доколку тие се усогласени нема да има непожелни поседици

Маре Данкова, портпарол на Управата за јавни приходи

Сподели: