Фабриката „Пејпер Мил“ казнета со 20.000 евра

Кочанската фабрика за рециклажа на картонска отпадна хартија „Пејпер Мил“ е казнета со 20.000 евра од страна на Државниот инспекторат за заштита на животната средина откако и покрај инсталирањето на новата опрема, продолжила да емитува ПМ честички и јаглероден диоксид над количините предвидени со А дозволата. 

– Граничните вредности биле надминати и покрај тоа што се изврши ново мерење по инсталирањето на филтер за пониски вредности на ПМ-честички, рече на денешната прес-конференција Ана Петровска, директорката на инспекторатот.

Фабриката од Кочани претходно добила решение да се направат извесни технолошки подобрувања на котелот за пелети.

Инспекторатот направил и дводневен надзор на 40 инсталации без елаборат за заштита на животна средина во кругот на скопска Железарница, а резултатите ќе бидат соопштени во текот на оваа недела.

Извор: Фактор

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial