ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Фалбите на Николчо Илијев наместо безбеден пат

Почитувани,

 Советниците во Владата на Зоран Заев, државата ги плаќа по 37 000 евра годишно за ПР, во кој добиваме лажна слика за лажни херои.

Таа пракса ја применува како основна матрица и заштитен знак на СДСМ и самиот Николчо Илијев.
Најдобар пример за тоа е пуштањето во употреба на патот Оризари-месност викана Добра вода.
Фотографиите кои ви ги прикажуваме говорат за тоа, дека безбедноста воопшто не е гарантирана за посетителите.Но, очигледно тоа не им пречеше на претставниците од Власта масовно да го прослават отворањето и пуштањето во употреба како завршен проект, небезбедниот двокилометарски пат.
Буквално цела Влада се сликаше, собирајќи евтини политички поени.
Ние, како опозиција предлагаме да се превземат соодветни мерки, како:
Поставување банкини.
Поставување заштитни мрежи за одроните на патот.
Поставување осветлување.
Поставување сообраќајни знаци, т.е. поставување сообраќајна сигнализација на двокилометарскиот пат.
Нашите препораки и предлози може да ги разберете не само како критика, но и како добронамерен став за општото добро на сите граѓани.

Со почит

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: