ФА ,,Александар Турунџев” Македонија, Кочани – Успешна 14 дневна фолклорна турнеја во Шпанија

Фолклорниот ансамбл ,,Александар Турунџев” изминатиов период беше учесник на двонеделна фолклорна турнеја во Шпанија.

Со спуштањето на завесата на трите фестивалски вечери во градовите Уретху, Албецете и Кревиленте, фолклорниот ансамбл ,,Александар Турунџев” затвори уште една страница од календарот на турнеи предвидени за 2023г.

Покрај прекрасните настапи кои беа поздравувани со громогласен аплауз од многубројната публика, фолклорниот ансамбл се закити и со признание за најдобра фолклорна група, презентирајки ја Македонската песна, оро и традиција.

Покрај настапите членовите имаа можност да ги посетат и уживаат во убавините на градовите Мораира, Сан Себастијан, Гетарио, Сан Педро, Аликанте и посебно убавата Барселона. А на враќање кон дома имаа можност да го посетат и прошетаат во градот на љубовта, прекрасната Верона.

Директорот на Фолклорниот ансамбл г-динот Пеце Симјановски и раководителот Тодор Тодоров упатуваат голема благодарност до сите членови, играорци и оркестарот.

ФА ,,Александар Турунџев” Македонија-Кочани

Сподели: