Фолклорниот ансамбл „Кочани“ в недела на 12 декември во НУЦК „Бели Мугри“ со почеток од 19:00 часот ќе го оддржи традиционалниот годишен концерт на уметничкото друштво под наслов „За многу години“.
На концертот ќе настапат сите возрасни групи на ансамблот, со традицонални ора, но и градски и охридски игри. На концертот ќе биде промовирано и делото „Оровечки ора“ и песни од Радовишко поле. Подготвените ора ќе бидат одиграни на музика во изведба на оркестарот на ансамблот „Кочани“. На концертот ќе гостуваат и членовите на фолклорното студио „Етнос“ од Скопје.
Влезот за концертот чини 100 денари.