Оркестарот на изворни народни инструменти при Фолклорниот ансамбл „Љупо Сантов“ од Оризари учествуваше на Меѓународниот музички натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип, што се одржа во периодот од 16-ти до 20-ти ноември.
На музичкиот натпревар учествуваа повеќе музичари и музички состави распоредени во неколку категории од различни музички училишта и ансамбли.
Во категоријата традициски состави, оркестарот на изворни народни инструменти при ансамблот „Љупчо Сантов“ ја освои првата награда на натпреварот, додека во категоријата на традициски народни инструменти, поединечна прва награда освои и Никола Стојов, член на оркестарот при ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари.
ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари
Сподели: