Успешен викенд со меѓународни активности на 50-на членови на Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ Оризари.
Учество на 119-та Манифестација „Празник на Розата“ во Казанл’к, Бугарија каде што на најдобар начин го презентираа изворниот фолклор од Осоговијата.

Учество на 5-от Меѓународен Фолклорен Фестивал „ЏИВЏАН ФЕСТ“ – 2022, во Врњачка Бања, Србија на играорните групи од Оризари и Зрновци.
30-на членови на Ансамблот со играорните групи од Оризари и Зрновци, на 4-ти и 5-ти јуни во Врњачка Бања, Србија уште еднаш докажаа и покажаа дека Ансамблот е симбол на македонската култура успешно презентеријаќи го изворниот фолклор од Осоговијата закитувајќи се со пехар за најдобра изворна кореографија на 5-от Меѓународен Фолклорен Фестивал „ЏИВЏАН ФЕСТ“ – 2022 во Врњачка Бања, Србија во конкуренција на повеќе од 30 играорни групи со околу 1600 учесници.


ФА „Љупчо Сантов”