Февруарска крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Во просториите на Црвен крст Кочани денес се спроведе редовна крводарителска акција наменета за граѓанството на која се собраа четериесет и една единица крв.

Ова е втора акција годинава, а се спроведе со поддршка на Институтот за трансфузиона медицина Штип.

Граѓаните имаат можност да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој четврток во  Службата за трансфузиона медицина при Општа болница Кочани.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: