Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна февруарска крводарителска акција наменета за граѓанството.


На акцијата крв даруваа 46 крводарители од нив 3 првократни и 15 лица до 30 годиншна возраст.


Акцијата е 3-та што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.


Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.


