Во организација на Спортско риболовното друштво „Кочански рибар“ денеска на езерото Гратче се одржа „Фидер“ натпревар во риболов.
На турнирот учествуваа 29 натпреварувачи од пет градови од Македонија, меѓу кои Кочани, Пробиштип, Велес, Битола и Прилеп.
Најуспешен од сите и со најголем улов беше прогласен рибарот Јованче Гугуталиев со улов 22.4 кг риба. Второто место му припадна на Дејан Николов со уловени 16.46кг, додека Томе Моневски го освои третото место со улов од 10.56кг.
Од СРЗЕК„Кочански рибар“ на најмладиот учесник на натпреварот Никола Ристов му доделија риболовона опрема како награда.
Организацијата на турнирот ја помогнаа „Ауто велт“, „Јокохама“, „Златна рипка“, „Томче спорт“, „Метало комерц“, „Артекс“, „Генекс“, „Ванчо Тапетаро“, „Фингер принт“.
Воедно здружението „Кочански рибар“ кон крајот на месецот, поточно од 24-26 јули на езерото Гратче ќе биде домаќини на Државниот риболовен натпревар на кој ќе учествуваат 17 рибоволни екипи од Македонија.
И.Матеничарски