Физичка пресметка во Пантелеј, скопјанец пукал со пиштол

Физичка пресметка помеѓу две лица се случила вчера во викендичка во селото Пантелеј, при што едно лице употребило огнено оружје.

Како што информираат од полицијата „На 26.04.2021 околу 15.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Пантелеј, кочанско, во дворното место од викендица сопственост на С.Г.(58) од Кочани, настанала физичка пресметка помеѓу Ж.Н.(61) од с.Пантелеј и А.Н.(24) од Скопје, по што А.Н. со пиштол испукал еден куршум во вратата од викендицата на С.Г..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на СВР – Штип.

Сподели: