Физичка пресметка во с.Тркање, едно лице нападнато со остар предмет

Физичка пресметка помеѓу три лица се случила вчеравечер во селото Тркање, Кочанско, при што едно лице било нападната со остар предмет.

Како што информираат од полицијата „ На 04.04.2021 после 22.0 часот во Полициската станица Кочани бил приведен И.М.(26) од с.Тркање, кочанско, затоа што околу 21.40 часот во с.Тркање, по претходна физичка пресметка помеѓу И.С.(38) и М.С.(18), двајцата од с.Тркање, од една страна и И.М.(26) од с.Тркање, од друга страна, со остар предмет го нападнал И.С.(38). Се работи на комплетирање на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: