Физичка пресметка на две кочанчанки – закани и со тврди предмети оштетени повеќе возила

На 09.06.2024 во 02.35 часот во Полициската станица Кочани, К.А.(31) од Кочани пријавила дека околу 01.30 часот пред угостителски објект во Кочани била физички нападната од едно женско лице, а потоа околу 02.30 часот во дворното место од нејзината семејната куќа неколку машки и женски лица се заканувале на неа и нејзиниот сопруг Д.А., фрлале тврди предмети и ги оштетиле нивното и возилата на М.А. и М.А., М.Ѓ. и Д.Ѓ., кои биле во нејзиниот двор.

За настанот е запознаен надлежен јавен обвинител.

Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Сподели: