На задовоство на сите од регионот, „Филитеа“ го отвори својот трет ресторан, втор во Штип, на местото на поранешниот „Лонгуров“.

Сопственикот Орце Николов очекува успех, но пред се, има за цел во својот ресторан да бидат задоволни сите посетители.

– Очекувањата се како прво гостите да дојдат и да пробаат од тоа што се нуди. Сакаме да понудиме пријатен амбиент, пријатна атмосфера, да покажеме едно врвно ниво на угостителство. Мислам дека во Источниот регион ваков ресторан од ваков вид не постои. Очекувањата за самите гости, сами ќе кажат кога ќе не посетат, секако очекуваме позитивни критики, истакна Николов.

Ресторантот во своето мени нуди храна за сечиј вкус по пристапни цени.

– Кујната ќе биде македонска традиционална и медитеранска кујна со наши специјалитети од куварите. Куварите се едни од најдобрите кувари во регионот. Цените се исти како и во другите локали, онака како што ги диктира пазарот во регионот, додаде Николов.

Како можност на своите посетители, „Премиум ресторан Филитеа“ нуди организирање на секаков вид прослави со капацитет над 200 лица.
Семејни ручеци и вечери, свадби, родендени, деловни ручеци и вечери во прекрасен амбиент.