Во период кога светот, но и Македонија се соочува со глобалната закана поради пандемијата со Ковид 19 вирусот, а притоа топката мирува, чест и задоволство ни е да информираме за една голема новост.
Имено од вчера и официјално е формират клуб под името ГР (Грас Рут) „Осогово“ во Англија. Целата приказна започна кога група фанови од јужниот брег на Англија и градот Портсумт преку социјалните мрежи дознаа за „Осогово“. Најправин формираа фан база како поддршка за нашиот клуб во Англија која брои 150 членови, за да потоа во комуникација и поддршка со нашиот клуб тие формират и аматерски фудбалски клуб со името ГР „Осогово“. Овој тим од почетокот на следната сезона ќе се натпреварува во најниското регионално натпреварување, „Сандеј лигата во регионот Госпорт“
Како поддршка од нашиот клуб обезбедена е комплет опрема за претстојната сезона и во комуникација со тамошните компании е обезведен спонзор кој ќе ги покрива трошоците на клубот за цела сезона.
Клубот е составен исклучиво од млади ентузијасти и фудбалери од Англија без ниту еден фудбалер од нашите простори. Ова е уште еден доказ дека фудбалот нема граници.
За промоција на нашиот клуб во Англија, како еден вид најава за 5-ти јули беше планиран и воедно организиран хуманитарен турнир заедно со една од најголемите организации за борба против ракот на тестисите кај мажите (Balls to Cancer) преку која обезбедивме учество на неколку еминентни имиња од фудбалската сцена на Премиер лигата како и неколку познати личности од овој регион како и наши фудбалери. Но сега поради вирусот останува да се дефинира нов термин.
ГФК „Осогово“