На трибина во Мултикултурниот центар во Кочани Форумот на жени при ОО на СДСМ – Кочани ги заокружи активностите по повод Меѓунардната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
Целта на трибината е да ја подигне општествената свест и да поттикне на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство.
– Форумот на жени при СДСМ – Кочани активно е вклучи во меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Периодот трае од 25 ноември и завршува на 10 декември. Форумот на жени на СДСМ Кочани се вклучи со донација, делење на флаери „Кажи стоп за насилството врз девојчињата и жените“ и „Љубовта никогаш не смее да боли“, а периодов го завршуваме со тематска трибиина „Стоп за насилството на девојчињата и жените“ и воедно со ова така го заокружуваме периодот 16 дена активизам против родово базирано семејно насилство – истакна Душанка Горгиева Трпевски, претедателка на Форумот на жени на ОО СДСМ Кочани.
Предавачи на настанот беа Наташа Димеска – шеф на кабинет на министерот за Труд и и социјална политика, Благица Георгиева, в.д директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Драган Данев командир на ПС – Штип, и ччлен на Меѓусекторскиот тим и Истанбулската конвенција за родово базирано и семејно насилство и Соња Тодорова, член на Извршниот одбор на Форумот на жени при ОО на СДСМ – Кочани.
И. Матеничарски