ФОТО+ВИДЕО: Пожар во близина на пречистителната станица за отпадни води во Мојанци

До интернет-порталот „Гласно“ пристигнаа фотографии и видео од пожар што зафатил трски и вегетација околу Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци.

Според видеото, пожарот е во непосредна близина на станицата за пречистување на вода поради што на терен интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Кочани за да се спречи негово ширење кон објектот на станицата.

Во моментот се интервенира со две возила, 4 пожарникари и доброволци од Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Дополнителен проблем во справувањето со стихијата е ветрот кој непрекинато дува, создава димна завеса и проблеми при гаснењето.

ТППЕ – Кочани периодов често интервенира на запалени стрништа и жетвени остатоци што ги палат земјоделците по завршување на жетвата низ Кочанското поле.

Сподели: