Фотографите и видео снимателите бараат помош од Владата за справување економските последици од коронакризата

Околу 15% од над 250 фото студија во земјата се ставени во мирување, а прометот е паднат за 80% или во најдобар случај е преполовен. Фотографите и видео снимателите како едни од најзагрозените професии од ковид пандемијата бараат да бидат субвенционирани се до стабилизирање на состојбата, како и да имаат пристап до бескаматни кредити и грантови.

На состанокот на фотографи и видео сниматели  што се одржа во Штип, а меѓу кои присутни беа и фотографи од Кочани, се разговараше за проблемите со кои тие се соочуваат и со кои барања излегуваат пред Владата со цел да се изнајде решение за нивната дејносткоја е ставена на маргините и на изумирање.

-Бараме  државата да биде свесна дека нашата професија е една од позагрозените во ковид пандемијата. Бараме субвенцијата за плати како за угостителскиот сектор така и за нас да трае до крајот на пандемијата, се додека не се донесат протоколи за организарање на настани. Како дејност бараме пристап до безкаматни кредити. Преку законски измени и соработка со Влдата преку нашата комора да се издаваат лиценци  со цел да се стави ред и правила на работење на правните субјекти од оваа дејност како и враќање на фотографирањето за лични документи од страна на фото студијата, истакна Миле Спасов, претседател на Стопанска комора за фотографска и видео дејност.

Како друг  проблем ја посочуваат не лојалната или т.н. дива конкуренција, каде се слеваат околу 50% од вкупните приходи. Наставници, професори, административни работници, луѓе коишто работат во МВР или во други бизниси се вмешуваат во овој сегмент на фотографската и видео дејност-изјави Спасов.

Фелата брои над 3000 редовно и сезонски вработени лица, но правните субјекти се мали, со еден до максимум пет вработени. Доколку заради ликвидност на фирмата дојде до отпуштање на еден вработен, фото студиото го губи правото на државна помош.

Сподели: