Неправилно паркиран автомобил на монтажниот кружен тек во Стришани предизвика десетминутен застој во најголемиот сообраќаен „шпиц“ во Стришани.
Несовесниот возач паркиран во самиот кружен тек попречи движење на автобус по што целосно се блокира кружниот тек и сообраќај.
Интервенираше и сообраќајната полиција заради оспособување на сообраќајот.
Ова не е прв пат на сличен начин автобуси и камиони да не можат да поминат на кружниот тек поради паркиран автомобил од несовесни возачи.