Фудбалерите на „Осогово“ и „Плачковица“ ќе играат за помош на двегодишниот Јаков Јанакиев

Фудбалерите на „Осогово“ и „Плачковица“ утре, сабота (07 август)  ќе одиграат хуманитарна пријателска средба за помош на двегодишниот Јаков Јанакиев од Кочани, кој по две тешки операции за отстранување на тумор потребно е да го продолжи лекувањето во Р. Турција.

Натпреварот е закажан со почеток од 17:30 ч. на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. Влезницата за натпреварот е по цена од 50 денари и собраните средства ќе бидат наменети за малиот Јаков, како поддршка во продолжување на лекувањето.

На стадионот ќе бидат поставени и кутии за донација, а граѓаните може да донираат финансиски средства со повик на 143-113 (Телеком) или 143-476 (А1) или на жиро-сметката на Стопанска Банка 20000 148 174 0176 – Елена Јанакиев

IBAN – MK0720000 387 639 2077
SWIFT Cod – STOBMK2X

Од ГФК „Осогово“ ги повикуваат сите хумани граѓани и љубители на спортот да го проследат натпреварот и  со тоа да помогнат во лекувањето на двегодишниот Јаков Јанакиев.

Натпреварот помеѓу „Осогово“ и „Плачковица“ е во рамки на подготвителните средби за претстојното првенство во Втора Лига – Исток.

И. Матеничарски

Сподели: