Фудбалерките на ООУ „Климент Охридски“ – Облешево победници на Државното првенство во футсал за основки

Фудбалерките на ООУ „Климент Охридски“ – Облешево се победници на Државното првенство во футсал за основки, што во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија денеска се одржа во спортската сала во Облешево.

Облешевки беа поуспешни во финалниот меч против тимот на ООУ „Јосип Броз Тито“ од Скопје со резултат 2-0. Треттопласирана екипа е тимот на „Мирче Ацев“ од Скопје по победата од 2-1 над стружанки.

Резултати:

Прв натпревар
ООУ „Климент Охридски“-Облешево 3-1 ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје.

Втор натпревар
ООУ „Јосип Броз Тито“-Валандово 5-2 ООУ „Браќа Миладиновци“-Струга

За трето место
ООУ „Мирче Ацев“-Скопје 2-1 ООУ „Браќа Миладиновци“-Струга

Финале
ООУ „Климент Охридски“-Облешево 2-0 ООУ „Јосип Броз Тито“

На првенството настапија основки од четири училишта од државата и тоа, ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје, ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валадново, ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга и домаќинот ООУ „Климент Охридски“ – Облешево.

– Да се биде домаќин на една ваква манифестација на која се натпреваруваат најдобрите девојчиња од футсал, од училишта од Македонија за нас како училиште е голема чест, предизвик и обврска, истакна Јорданчо Костадинов, директор на ООУ „Климент Охридски“ – Облешево.

И. Матеничарски

Сподели: