Фудбалско дерби помеѓу „Осогово“ и виничка „Слога 1934“

Во рамки на 5-тото коло во Втората Македонка фудбалска лига-Исток, Кочани ќе биде домаќин на фудбалското дерби помеѓу екипите на „Осогово“ и виничка „Слога 1934“.

Дуелот е закажан за в сабота, со почеток од 15:30ч на стадионот „Никола Мантов“.

„Жолто-сините“ по ремито во претходното коло против тимот на „Брегалница“, имаат можност да ја искористат психолошката предност пред противникот и да ја  забележат првата победа во натпреварувањето.

На останатите дуели во ВМФЛ-Исток ќе се сретнат:

„Каменица Саса“ – „Кит Го“

„Тиквеш“ – „Брегалница“

„Кожуф“ – „Победа“

„Плачковица“ – „Росоман“

Сите натпревари ќе се играат без публика,  в сабота 26.09.2020  со почеток од 15:30ч.

И.Матеничарски