На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани попладнево беше врачена донацијата составена од фудбалска опрема на екипите од Треттата Македонска фудбалска лига – Исток.
Донацијата е обезбедена од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по барање на Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани (ОФС-Кочани) кој годинава ја има улогата на организатор на фудбалското првенство во Треттата лига – Исток.
– На барање на ОФС – Кочани, а по одобрување од управата на ФФМ, на клубовите кои сезонава се натпреваруваат во Треттата Македонска фудбалска лига – Исток ја врачуваме донацијата составена од фубалска опрема, односно по 18 комплета дресови, 10 топки, вклучувајки штуцни, гакици и горен дел дрес на клубовите од Треттата лига – Исток. Се надеваме дека обезбедената комплет фудбалска опрема ќе им биде од корист на клубовите со цел намалување на нивните трошоци околу обезбедување на опрема и организирање на тренинг – истакна Александар Андов, претседател на ОФС – Кочани.
Донираната опрема ја примија претставници на клубовите кои сезонава се натпреваруваат во Треттата Македонска фудбалска лига – Исток.
Од ОФС – Кочани најавија дека следната сезона во соработка со ФФМ ќе се направат напори за обезбедување на комплет реквизити за тренинг за сите клубови, со цел олеснување на тренинг процесот на тимовите.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов