„Харпијан“ – концерт на популарна класика со Благој Николов и Андреј Наунов


Под наслов „Харпијан“, музичарите Благој Николов и Андреј Наунов, приредија концерт на популарна класична музика, на хармоника и пијано.


На платото пред Спомен-домот „АСНОМ“, кочанската публика имаше можност да ужива во звуците на „Чардаш“, „Унгарски танц“, „Живот во розово“, „Либертанго“, „Танго за Клаудија“ и други познати композиции и автори.


Андреј Наунов, познат клавирист и музичар кој живее и работи во Скопје, соученик со Благој Николов, кој е музичар и наставник во ООМУ „Ристо Јуруков“, го реализираа концертот на хармоника и пијано како дел од Годишната програма на Министерството за култура.


Концертот се одржа според предвидените протоколи за организација на културни настани, со почитување на мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial