Хеликоптерите на АРМ веќе гаснат над Кочани, објектот на Фабриката за вода и околните куќи се заштитени од огнот

Хеликоптери на Армијата на Република Македонија веќе интервенираат во гасењето на пожарот над Кочани и полнат вода од Браната Гратче.

Според последните информации објектот на Фабриката за вода е заштитен од огнот и нема опасност за ширење кон околните куќи.

Пожарникари од Кочани, Виница, Штип и Македонска Каменица интервенираат на непристапен терен потпомогнати од месното население.

Водоснабдувањето на градот е нормализирано и препумпните станици се повторно оспособени. Пожарот зафатил неколку столба за електрочна енргија, екипи на ЕВН Македонија се на терен и засега нема проблем со електроснабдувањето на делови од градот.

И. Матеничарски

Сподели: