Хигиенски пакети за социјално загрозените граѓани заразени од жолтица

Изминатиов месец ОпштинаКочани активно е вклучена ипреземаконтинуиранимерки за превентивно дејствување против ширењето на заразната жолтица, тип А.

За подигање на јавната свест за одржување на хигиената на сите нивоа, Општина Кочани обезбеди хигиенски пакети за социјално загрозените семејствата со заболени од жолтица.За таа намена се подготвени се 60-ина пакети, чиј број ќе се зголемува согласно потребите.

Стручните служби од Општина Кочани одржаа работна средба и со граѓанските здруженија со цел тие да се вклучат во спроведување на мерките за превенција од натамошно ширење на заразата.

Во училиштата и градинките езајакната контролата на личната хигиена, а по препорака на здравствените служби, се врши засилена дезинфенција во училниците и тоалетите иограничено е движењето на надворешните лица во овие јавни објекти. Општинската организација на Црвениот крст спроведува едукативни работилници во Детската градинка „Павлина Велјанова“ и во училиштата со критична маса на заразени од жолтица. Граѓанските организации ја следат на терен состојбата со епидемијата и по потреба упатуваат на подобрување на хигиенските мерки во семејни услови.

Сподели: