Христијан Коцев трето зимско засилување за ГФК „Осогово“

Младиот, 20-годишен лев бек Христијан Коцев во пролетниот дел од сезоната ќе го носи „жолто-синиот“ дрес.

Коцев доаѓа од редовите на второлигашот „Кораб“ каде што беше еден од најдобрите и најстандарни фудбалери во есенскиот дел од ВМФЛ – Запад.

Својата младинска кариера Коцев ја градел во редовите на скопски „Работнички“, „Македонија ЃП“, „Металург“, „Локомотива“ и „Маџари Солидарност“.

Сподели: